Еве како изгледа најдолгиот железнички тунел кој наскоро треба да биде отворен (ВИДЕО)

Се поврзано со овој проект вреден 11,3 милијарди долари е во големи бројки.

Работата на илјадници метри долгата брза пруга под швајцарските Алпи е при крај.

Во самото средиште на оваа делница се наоѓа најдолгиот железнички тунел на светот – Готард.

Се поврзано со овој проект вреден 11,3 милијарди долари е во големи бројки.

Почнувајќи од положбата на која почнала работата, на длабочина од 2.500 метри под врвовите на Алпите, преку 2.500-те ангажирани работници задолжени да прокопаат пат низ 30 милиони тони гранит, па до планот за поставување на речиси 400 километри пруга и уште неколку стотици километри електрични инсталации, сигнализации и комуникациски системи.

Со распоредот на помалите тунели, кои поврзуваат два големи паралелни тунели на секои 325 метри, вкупната мрежа на тунели надминува 150 километри.

Ископувањето на двата тунели со должина од по 56 километри е завршено во текот на 2011-та година, со помош на машини за пробивање на тунели.

Овие работи зад себе оставиле толку големи количини на камен, што може со нив да се наполни воз чии вагони би се протегале од Цирих до Чикаго, во должина од преку 7.000 километри.

Дополнителни осум милиони тони камен биле ископани за потребите за изградба на базен тунел.

Внатре во овој тунел се наоѓаат две мултифункционални станици кои им овозможуваат на возовите да минуваат од еден тунел во друг, за потребите на одржување или во текот на итни случаи.

Еден од нив требало да стане најдлабока подземна железничка станица на светот, со име Порта Алпина, со лифтови кои се спуштаат до длабочина до 800 метри, поврзувајќи ги платформите на станиците со селата на површина, но планот бил отфрлен како неекономичен во текот на 2012-та година.

Од друга страна, најдолгиот железнички тунел на светот, Готард, кој е отворен во 2016-та година, е само дел од целата приказна.

Првиот предлог за изградба на железничка линија преку Алпите датира до 1947-ма година, а оваа пруга била предмет на национален референдум во текот на 1992-ра година, на која предлогот бил поддржан, а првите работи во тест фазата почнале следната година.

Во 2020-та година, завршниот дел од сложувалката, пократкиот но еднакво важен тунел Канери во близина на Лугано, конечно ќе ги здогледа првите возови. Овој 15 километри долг тунел ја заобиколува планинската делница на најраздвижената рута од север кон југ, која поврзува економски моќни земји од северна Европа со северна Италија.

Времето на патување за интернационални патници меѓу Цирих и Милано ќе биде скратено од 5 часа, на само 2 часа преку Готард ако се вози со брзина од 200 километри на час.

Избегнувајќи ги познатите спирали на старата планинска рута, тунелот Готард го скратува патот за 40 километри, а пократкото време на патување резултирало и со зголемување на бројот на патниците за дури 30 проценти во месеците по отворањето.

Сепак, главни корисници на тунелот не се патнички возови, туку компании кои пренесуваат товар, а кои ќе добијат поголем капацитет на превоз, имајќи пониски трошкови и пократко време на патување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот