Еве како денес изгледа момчето херој кое ја спаси својата сестричка од нападот на агресивно куче
Јунак во тело на шестгодишно момче. Неговиот храбар потег го обиколи целиот свет…
Шестгодишниот Бриџер Вокер го воодушеви целиот свет со својот херојски чин, кога тој „заработи“ 90 конци на лицето откако го нападна кучето од кое тој ја штитеше својата помала сестра.
Од немилиот настан помина повеќе од половина година, а лузните на Бриџер започнаа за закрепнуваат благодарение на успешниот медицински третман на кој тој замина по самиот напад.
View this post on Instagram
Кога слушнаа за неговиот храбар чин, докторите од една болница одлучија на момчето да му дозволат бесплатно лекување на лицето, со помош на ласерски третман, кој полека започна да му го враќа стариот сјај на лицето.
View this post on Instagram
Мајката на Бриџер на својот Инстаграм профил објави низа фотографии на кои се гледаат резултатите, а тој изгледа посреќно од било кога.
„Бриџер е голема инспирација во овие тешки времиња. Неговата храброст заслужува секакво признание“, изјави докторката Банусали за Дејли Мејл.
View this post on Instagram
„Чест ми е да бидам дел од лекарскиот тим кој работи на неговото закрепнување“, додаде таа.
Откако неговата сестричка ја нападна куче, Бриџер не размислувапе ниту секунда и веднаш се фрли во борба за да го заштити девојчето и буквално се пресмета со бесното куче, кое му нанесе сериозни повреди.
View this post on Instagram
На прашањето зошто го сторил тоа, тој одговорил „Мислев дека доколку некој треба да умре, тогаш тоа треба да бидам јас“.
View this post on Instagram