Ева Мендес за договорот со Рајан Гослинг: Тој ќе оди на работа, а јас…

Ева Мендес и Рајан Гослинг на Филмскиот фестивал во Торонто / 7 септември 2012 / Фото: EPA/WARREN TODA

Во еден од нејзините ретки медиумски настапи, за време на гостувањето во емисијата „Тудеј“, холивудската актерка Ева Мендес зборуваше за врската со Рајан Гослинг, за воспитувањето на нејзините ќерки и за искуството кога заедно снимале филм.

Ева ја паузираше својата повеќедецениска актерска кариера и се фокусираше на воспитувањето на нивните ќерки Есмералда (9) и Амада (7). Имено, тие имале заеднички договор дека Ева ќе се откаже од кариерата за да остане дома и да се грижи за нивните ќерки.

„Никогаш не сум доживеала нешто слично. Начинот на кој работи, неговата посветеност на занаетот, како сака да прави се што е можно подобро – а тоа значи да ги направи своите колеги најдобри што можат. За жал – или за среќа – има само еден Рајан, па после тоа речиси престанав да глумам“, рекла таа во емисијата „Тудеј“.

Парот ја држи својата врска подалеку од центарот на вниманието со тоа што наоѓаат суптилни начини да ја покажат својата поддршка еден за друг.

„Тоа беше речиси премолчен договор, нешто како ‘Во ред, тој ќе оди на работа, а јас ќе одам на работа, но ќе работам од дома’. Многу сум среќна што можам да го поминам ова време со моите деца. А јас сè уште работам, едноставно не глумам затоа што глумата ве вади од домот“, додала таа.

Таа објасни и дека нејзината кариера сè уште постои, но ништо не снимила откако станала мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на бренд за шминка.

ВИДЕО+ФОТО | Ева Мендес призна дека со години го бричи лицето: „Многу сум влакнеста“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот