ВИДЕО+ФОТО | Ева Мендес призна дека со години го бричи лицето: „Многу сум влакнеста“

Фото: Instagram/ Eva Mendes

Актерката Ева Мендес не се плаши да ја покаже реалната слика за несаканите влакна и призна дека со години го бричи своето лице.

Имено, на својот Инстаграм профил таа објави фотографии и видео во кои го прикажува нејзиното позитивно искуство со дермапланинг, техника со која се бричат влакната на лицето.

Актерката откри дека со години го бричи лицето на козметичар, со што нејзиното лице е почисто и помеко.

Фото: Instagram/ Eva Mendes

„Го бричам моето лице. Добив многу коментари од жени кои го бричат своето лице со години. Претпоставувам „дермапланинг“е соодветниот збор за овој третман, но работите се такви, какви што се и јас го сакам ова што го правам“, напиша актерката на Инстаграм.

Фото: Instagram/ Eva Mendes

Таа по објавените фотографии, беше прашања од љубопитните обожавателки за искуството со оваа техника и колку редовно ја практикува.

„Јас сум како животно, па веројатно би требала да се бричам секој втор ден. Влакнеста сум. Мојот татко е влакнест Кубанец, а јас сум негова мини верзија“, напиша Мендес.

Инаку, Мендес редовно споделува интимни моменти од животот со своите следбеници на Инстаграм, каде може да ги видат нејзините третмани за убавина и секојдневните модни комбинации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот