Еурофарм Пелистер убедливо ја совлада Слога на турнирот во Добој

фото: РК Еурофарм Пелистер

Денеска во својот втор натпревар на меѓународниот ракометен турнир во Добој во Босна и Херцеговина составот на Еурофарм Пелистер ја надигра екипата на Слога Добој со 39:24.

Новиот меч на овој турнир актуелниот македонски шампион ќе го има в четврток од 19.10 часот против францускиот Монпеље.

Потсетување дека на првиот меч од турнирот играчите на тренерот Александар Јовиќ загубија од Ал Ахли од Египет со 23:34.

Битолчани се подготвуваат за новата сезона во која покрај домашните обврски, ќе имаат и натпревари од ЕХФ Лигата на шампионите.

А првиот меч од групата „А“ Еурофарм Пелистер ќе го има пред своите навивачи во салата „Боро Чурлевски“ против норвешкиот Колштад Хандбал на 13 септември.

Да додадеме уште дека ракометарите на Еурофарм Пелистер за првпат настапија во новата гарнитура дресови на ТВ-турнирот на шампионите во Добој. Покрај вообичаените „зелено-бели“ дресови, екипата сезона ќе ја носи и резервната опција на дресови со сини нијанси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот