Еурофарм Пелистер со уште една убедлива победа се пласираше на Ф4 во СЕХА

Фото: РК Еурофарм Пелистер/Саше Богоевски

Македонскиот вицешампион рутински си ја заврши работата и со уште една убедлива победа (26:36) против Татран Прешов обезбеди пласман на фајнл-фор турнирот во СЕХА лигата.

Беше јасно уште по победата во Битола од осум разлика дека Еурофарм Пелистер е многу блиску до втор настап на завршниот турнир во регионалниот турнир, а денес само го потврди тоа. Словачкиот тим без големи амбиции влезе во реваншот и настапи со комбиниран состав, па може да се каже дека се предаде уште од самиот почеток.

Брзо дојде македонскиот претставник до 1:5, потоа и до 3:10 и предноста во текот на целиот натпревар беше убедлива. Во еден момент избраниците на Александар Јовиќ имаа и 7:19. На пауза „пелистерци“ водеа со 10:ч20.

Во второто полувреме црвен картон заработи Мирко Радовиќ., но ниту тоа не остави преголема трага во играта на македонскиот тим, па прашање беше само со колкава разлика ќе заврши натпреварот.

Минатата сезона Еурофарм Пелистер на Ф4 загуби од Веспрем, додека во дуелот за третото место го победија Нексе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот