Еурофарм Пелистер со пораз од ПСЖ ја заврши сезоната во Лигата на шампионите
Maкедонскиот претставник, Еурофарм Пелистер со пораз ја завршува сезоната во Лигата на шампионите откако вечерва во Битола ПСЖ славеше со 26:35.
Препорачано
Уште пред натпреварот беше познато дека Пелистер нема шанси за следна фаза, па така ракометарите на македонскиот шамоион без притисок влегоа во натпреварот. Исто така натпреварот немаше резултатско значење и за ПСЖ бидејќи немаше шанси да дојде до второто место кое обезбедуваше директно четвртфинале.
ПСЖ од почетокот на натпреварот започна подобро и брзо поведе со 7:3, но Пелистер со серија од три гола дојде до еден негатива. Сепак, Французите потоа повторно додадоа гас и на пауза заминаа со 18:13.
Во второто полувреме предноста на ПСЖ дојде и до највисоките „плус девет“ со кој заврши натпреварот.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со осум гола, а Пешеввски постигна четири.
На табелата Пелистер заврши како седми (претпоследен) со осум бода до кои стигна со учинок од три победи, две нерешени и девет порази. Зад македонскиот претставник остана само Фредерициа со три бода, а пред битолскиот состав се: Висла Плоцк (11), Динамо Букурешт (12), ПСЖ (18), Фуксе Берлин (18), Спортинг (18), Веспрем (24).


