Фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер немоќен против Барса во ЕХФ Лигата на шампионите

Денеска во рамките од 14 коло, во својот последен натпревар оваа сезона во ЕХФ Лигата на шампионите, ракометарите на Еурофарм Пелистер на гостувањето кај Барселона со 47:27.

Шпанскиот гигант покажа уште еднаш докажа колку е доминантен оваа сезона и зошто е еден од фаворитите за освојување на титулата во натпреварувањето.

На денешниот меч за битолскиот тим по три голови постигнаа Манасков, Видомски, Ристевски, Граховац, Хенигман и Кузмановски.

Актуелниот македонски првак го завршува настапот во групната фаза со две победи, две нерешени и 10 порази во групата Б за претпоследно седмо место со шест бодови.

Барселона заедно со Магдебург одат директно во четвртфиналето, а во плејофот ќе играат Висла Плок, ПСЖ, ГОГ и Пик Сегед.

Среда, резултати:

ГОГ – РК Загреб 33:28
Висла Плок – Пик Сегед 30:30
Барселона – Еурофарм Пелистер 47:27
ПСЖ – Магдебург 34:26

Конечна табела, група Б

1. Барселона 26 бодови
2. Магдебург 23
3. Висла Плок 18
4. ПСЖ 13
5. ГОГ 13
6. Пик Сегед 11
7. Еурофарм Пелистер 6
8. РК Загреб 2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот