„Еурактив”: Обид на Бугарија за менување на тактиката кон Скопје

Знаме на РСМ и Република Бугарија / Фото: Архива на Слободен печат

Бугарија се обидува да ја смени тактиката кон Скопје, откако земјата во декември го блокираше патот на Северна Македонија кон Европската Унија, а вчера бугарската министерка за надворешни работи му презентира Акциски план за соработка во имплементација на Договорот за добрососедство на специјалниот пратеник на земјава за Бугарија, Владо Бучковски, пишува бриселски „Еурактив”.

Бугарскиот документ, кој се однесува на сите секторски министерства, ќе биде разгледан од властите во Северна Македонија. Како што изјави Бучковски, во периодот што следува нашата работна група ќе ги разгледа коментарите кои пристигнаа од Бугарија на нашиот предлог Акциски план и ќе биде изградена јасна позиција.

Од бугарска страна, додава „Еурактив”, ќе бидат разгледани предлозите во македонскиот Акциски план, а потоа двете влади треба да дадат одобрување и тоа би се случило на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија.

Дипломатски извори за „Еурактив” велат дека Софија има предлози поврзани со железниците и за инвестиции на бугарски компании во Северна Македонија. Во планот, според истите извори, има и предлози за отворање на филијали на бугарски универзитети во Северна Македонија, а опфатени се и учебниците по историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот