Еуфорија во Фиренца: Навивачите го пречекаа Рибери! (ВИДЕО)

twitter.com/GFFN

Францускиот интернационалец Рибери откри дека бил убеден од Лука Тони за ваквиот трансфер и му рекол дека Фиорентина е одличен клуб во еден убав град.

Беше пречекан од голем број на навивачи на калчолигашот од Фиренца, 36-годишниот со свој приватен авион слета заедно со неговата сопруга Вахиба.

– Среќен сум, тука сум со моето семејство. Зборував со Фиорентина во текот на минатата седмица, како и со Тони кој ми рече дека станува збор за одличен клуб во еден убав град – рече Рибери.

Лука Тони (42) е инаку легенда на Фиорентина, фантастичен стрелец од 55 голови во 94 натпревари.

Се очекува Французинот да потпише договор на две години со „виолетовите“, а в четврток ќе биде официјално промовиран.

Рибери од 2007 година досега беше дел од Баерн со 273 одиграни мечеви и 86 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот