Европска комисија/ Фото: Слободен печат

ЕУ за „Слободен печат“: Загрижени сме од неоправданото користење на европското знаме

Владата, како што зацртала, го тера проектот со изградбата на коридорите, а Европската Унија останува на забелешките околу европското знаме на петте закони кои веќе се во собраниска процедура.

Прилеп и Битола конечно ќе се поврзат, почнаа работите на Коридорот 10-Д

Додека премиерот Димитар Ковачевски вчера во Прилеп говореше на почетокот на активностите за изградба на Коридорот 10, од ЕУ стигна уште една опомена дека е спорно ставањето европско знаме.

На прашање од „Слободен печат“ кои ќе бидат наредните чекори на Унијата по неколкуте изјави на евроамбасадорот Дејвид Гир дека не е оправдано користењето на европското знаме, од ЕУ велат дека „ги следат настаните што се однесуваат на ова прашање и дека од власта побарале натамошни разјаснувања“.

Истовремено потсетуваат на обврските што ги презела земјава.

„ЕУ ја повторува важноста на почитување на обврските што произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и на усогласувањето со европското законодавство во контекст на пристапниот преговарачаки процес. Ставањето европско знаме на закони е со цел да се забрза интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, па според тоа, треба да има за цел усогласување со европското законодавство и стандарди. Во овој случај нацрт законот се чини дека не се однесува на усогласување со таквите стандарди“, пишува во одговорот што го добивме од ЕУ.

Оттаму додаваат пред властите во Скопје изразиле сериозна загриженост и бараат дополнителни објаснувања.

„Како што веќе сме кажале во извештаите на Европската комисија за Северна Македонија, користењето на процедурата на брза лента треба да се ограничи и да се применува само кога е оправдана за напредок во европската реформска агенда. Не треба да се користи за скратување на јавната дебата или за решавање процедурани проблеми во законодавниот дом“, опоменуваат од Европската Унија.

Пораките од ЕУ за европското знаме не допираат до Владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот