самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје/Фото: Драган Митрески-Слободен печат

Дали ЕУ ќе ја промени стратегијата – новите членки да се приклучат без право на глас?

Предлогот за промена на правилата за членство во ЕУ е во рана фаза и би требало да биде одобрен од сите постојни членки, според тројца европски дипломати и еден официјален претставник на ЕУ запознаен со дискусиите. Идејата е новите членки да добијат полни права откако ЕУ ќе го реформира начинот на функционирање, така што ќе биде потешко за поединечни земји да ставаат вето на политики.

Актуелните земји кандидати за членство би можеле да и се приклучат на Европската Унија без да добијат полни права на глас, пишува Политико во анализа на новиот предлог кој треба да и даде нов замав на политиката за проширување на ЕУ.

Според Политико, предлогот за промена на правилата за членство во ЕУ е во рана фаза и би требало да биде одобрен од сите постојни членки, според тројца европски дипломати и еден официјален претставник на ЕУ запознаен со дискусиите. Идејата е новите членки да добијат полни права откако ЕУ ќе го реформира начинот на функционирање, така што ќе биде потешко за поединечни земји да ставаат вето на политики.

На почетокот на есента актуелен беше планот на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за укинување на едногласноста при одлучувањето за прашања од надворешната политика и проширувањето во ЕУ. Но, таа идеја е веќе напуштена откако беше отфрлена од повеќе земји-членки.

Сега, владите на земјите членки кои го поддржуваат проширувањето, како Австрија и Шведска, сакаат да му дадат нов живот на процесот со новиот план.

„Идните членки треба да се обврзат дека ќе се откажат од правото на вето сè додека не се спроведат клучни институционални реформи- како воведување на квалификувано мнозинство во повеќето области на политика/ Проширувањето не смее да се забавува поради блокирање на реформите од страна на поединечни членки“, изјави за Политико Антон Хофрајтер, претседател на Комитетот за европски прашања во германскиот Бундестаг. “

Иницијативата би им овозможила на земјите кои се на патот кон членство, како Украина, Молдавија и Црна Гора, да уживаат многу од придобивките на членството во ЕУ, но без право на вето  -нешто што владите на ЕУ отсекогаш го сметале за крајно средство за спречување на непожелни политики.

Размислувањето зад предлогот, кој неформално се дискутира меѓу земјите-членки и Комисијата, е дека новите земји би можеле да се приклучат под пофлексибилни услови, без потреба од измена на основните договори на ЕУ, што неколку влади го сметаат за невозможна мисија.

Планот новите членки да се приклучат без полни права на глас би „обезбедил дека ќе останеме способни за дејствување дури и во проширена ЕУ“, вели Хофрајтер, додавајќи дека од разговорите со претставници на земјите од Западен Балкан добива јасни сигнали дека овој пристап се смета за конструктивен и изводлив.

Барањето новите земји да не се приклучат сè додека ЕУ не го реформира начинот на функционирање ризикува проширувањето да се „задржи преку задната врата“, додаде тој.

Овој потег се совпаѓа со растечкото незадоволство во Источна Европа и земјите кандидати од Западен Балкан, кои спроведоа длабоки внатрешни реформи, но сè уште не се поблиску до членство, иако аплицирале пред години.

Лидерите од земјите од Западен Балкан — Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија ќе се сретнат со европските лидери во среда во Лондон на самитот на „Берлинскиот процес“, фокусиран на зајакнување на интеграцијата меѓу тие земји како подготовка за членство во ЕУ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот