ЕСПН ќе снима документарец за најомилениот кошаркар во НБА, „џинот“ Бобан Марјановиќ

epa08076132 Dallas Mavericks center Boban Marjanovic (R) and Milwaukee Bucks center Brook Lopez (L) vie for position on a foul shot during the NBA game between the Dallas Mavericks and the Milwaukee Bucks at Fiserv Forum in Milwaukee, Wisconsin, USA, 16 December 2019. EPA-EFE/TANNEN MAURY SHUTTERSTOCK OUT

ЕСПН најави документарен филм за животот и кариерата на кошаркарот на Далас маверикс.

Иако на НБА паркетите нема многу шанси да ги покаже своите квалитети, центарот на Далас маверикс, Бобан Марјановиќ веќе неколку години е еден од најомилените играчи во целата лигата. Навивачите на сите 30 НБА екипи го обожуваат, неговите потези на терените секогаш се проследуваат со аплаузи поради што телевизијата ЕСПН одлучи да направи документарен филм за животот и кариерата на Марјановиќ.
Една од неизбежните теми во документарецот беше и бомбардирањето на НАТО во 1999 година на неговата родна Србија.

– Најстрашно беше што не очекувавме дека ќе го доживееме наредниот ден. Сите спиевме заедно, мајка ми, сестра ми и јас бидејќи доколку се случи нешто барем да бидеме заедно. Се надевам дека никогаш повеќе во животот нема да доживеам такво нешто – вели Марјановиќ кој потоа зборуваше и за улогата во филмскиот мега хит „Џон Вик 3“.

– Мило ми е што во филмот бев лошо момче бидејќи во реалниот живот сум голем дружељубив џин. Добив порака дека сакаат да имам улога во „Џон Вик 3“, мислам дека милион пати им одговорив „да,да,да…“.

Телевизијата ЕСПН која се специјализира за документарни филмови за спортистите, со бирани зборови говореше за центарот на Далас.
„Бобан е дијамант. Од неговата работна навика, преку карактерот и тоа што го носи на теренот и надвор од него, тој стана еден од најомилените кошаркари во НБА лигата“, зборуваат од ЕСПН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот