Ерон Харис е нов играч на МЗТ Скопје Аеродром

mztskopjeaerodrom.mk

Бековската линија на МЗТ Скопје Аеродром од денеска е засилена со Американецот Ерон Харис (26 год, 191 см), кој со македонскиот шампион потпиша договор до крајот на сезоната.

Станува збор за кошаркар со репутација на исклучителен поентер, кој универзитетската кариера ја минал на два престижни универзитети, Вест Вирџинија и пред сѐ Мичиган стејт, каде што работел со еден од најеминентните тренери во САД, Том Изо.

Тоа е колеџот за кој во минатото играл еден Меџик Џонсон и кој зад себе има две титули во НЦАА-лигата. Потоа кариерата ја продолжил во Џи-лигата во екипата на Висконсин херд, а минатата сезона ја одиграл во Финска во екипата на Тамперен Пиринто.

Харис нема да има проблем да се вклопи на теренот заедно со сонародникот Џабари Хиндс, со оглед што двајцата одиграа две сезони како соиграчи во Вест Вирџинија универзитетот.

Тој сигурно нема да биде во тимот за задутрешниот меч со Сплит, а се очекува да пристигне во Скопје во текот на претстојната недела.

МЗТ Скопје Аеродром во моментов бара и адекватно и квалитетно засилување и за центарската позиција, како своевидна замена за Нуни Омот, кој мораше да замине во САД поради проблеми во семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот