ЕРДОГАН НЕ САКА ДА БИДЕ КАКО ТРАМП: „Ја фативме сопругата на ал-Багдади, ама не сакаме да се фалиме со тоа“

Турција ја уапсила сопругата на поранешниот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, изјави турксиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а пренесоа светските медиуми.

Ердоган не го кажа името на жената, а Багдади, кој загина за време на американска акција на неговото скривалиште во северена Сирија на крајот на минатиот месец, се верува дека имал повеќе сопруги.

– САД рекоа дека Багдади се самоубил во тунел со бомба и започнаа сериозна пи-ар кампања. Ние ја уапсивме неговата сопруга, но не се фалевме со тоа. Ова го изјавувам првпат – рече Ердоган, мислејќи на американскиот претседател Доналд Трамп и неговото јавно излагање во кое ги откри деталите за нападот и смртта на лидерот на ИД. Трамп рече дека две од сопругите на Багдади биле убиени во операцијата.

Објавата на Ердоган доаѓа еден ден откако Турција рече дека ја уапсиле сестрата на Багдади, Расмија Авад, во градот Азаз во северна Сирија.

Турските официјални лица рекоа за „Ројтерс“ дека апсењето на постарата сестра на Багдади би можело да помогне да се добијат нови информации за внатрешното функционирање на Исламска држава.

Засега, нема многу познати информации за сестрата на Багдади, а се знае дека поранешниот лидер на ИД има повеќе браќа и сестри, иако не јасно дали тие сѐ уште се живи, пренесува „Њујорк тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот