ПО СМРТТА НА КАЛИФОТ: Роднините на ал-Багдади ги разоткрија сите тајни на Исламска држава?

Фото: EPA-EFE/TURKISH GOVERMENT

Официјални турски лица денес информираа дека сестрата на поранешниот лидер на Исламска држава (ИД), Абу Бакр ал-Багдади е уапсена во северниот дел на Сирија. Расмија Авад (65) е фатена во близина на градот Азаз, а надлежните веруваат дека таа може да открие многу важни разузнавачки информации за ИД.

Турските официјални лица рекоа за „Ројтерс“ дека апсењето на постарата сестра на Багдади би можело да помогне да се добијат нови информации за внатрешното функционирање на Исламска држава.

Засега, нема многу познати информации за сестрата на Багдади, а се знае дека поранешниот лидер на ИД има повеќе браќа и сестри, иако не јасно дали тие сѐ уште се живи, пренесува „Њујорк тајмс“.

Авад била пронајдена во приколка, каде живеела со нејзиниот маж, снаа и пет деца, а според „АП“, таа била испрашувана од страна на турските власти под сомниение дека е поврзана со екстремистичката група.

Официјалните лица сметаат дека таа поседува многу важни информации за ИД, додека еспертите велат оти таа е запознаена со шверцерските рути за семејствата на екстремистите. Сепак, засега не е познато дали и колку време таа поминала со ал-Багдади.

Уште еден роднина на Багдади, зетот и личен курир Мухамад Али Саџит, неодамна во интервју рече дека тој на надлежните им открил информации присуството на лидерот на ИД во Идлиб, каде тој евентуално беше убиен.

Информациите кои тој им ги дал на властите најверојатно биле искористени и за идентификација на други високи функционери на ИД, особено за новиот целосно непознат калиф, Абу Ибрахим ал-Хашеми ал-Кураши.

Поддржувачите на ИД засега не коментираа за апсењето на сестрата на Багдади, што според Би-Би-Си е типично однесување на нивните симпатизери кои избегнуваат да разговараат на теми кои одат на шета на групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот