Ентони Блинкен стапи на должност државен секретар на САД

epa08969149 US Vice President Kamala Harris, right, swears in Antony Blinken, US secretary of state, left, during a ceremony at the White House in Washington DC, USA, 27 January 2021. EPA-EFE/Stefani Reynolds / POOL

Ентони Блинкен денеска ја презеде функцијата државен секретар на САД и во својата прва изјава вети дека ќе ги подобри односите со глобалните партнери и ќе му покаже на светот дека САД можат да имаат водечка улога, истовремено решавајќи го проблемот со климатските промени и други сложени прашања.

Мал број на вработени, ограничен поради мерките против коронавирусот, со аплауз го пречекаа и поздравија Блинкен.

– Светот во моментов внимателно не следи, сакајќи да знае дали можеме да ја лекуваме нашата нација, дали можеме да водиме со пример и дали ќе можеме да се соочиме со големите предизвици на нашето време преку дипломатски односи со нашите сојузници и партнери, истакна Блинкен.

Меѓу тие предизвици, тој ги вклучи пандемијата, климатските промени, глобалната економија, заканите врз демократијата, борбата за расна еднаквост и правда и опасноста по безбедноста и глобалната стабилност кои доаѓаат од противниците. Новиот американски државен секретар не одговори на новинарското прашање кој предизвик го смета за најголем приоритет.

Блинкен рече дека Стејт департментот мора да работи на воспоставување обединет фронт со сојузниците за надминување на предизвиците.

Ентони Блинкен, дипломат со долгогодишно искуство, беше заменик државен секретар за време на Барак Обама. Предлогот на Бајден да биде назначен за државен секретар беше потврден вчера од Сенатот со 78 гласа „за” и 22 гласа „против”.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот