Редици за гориво на бензинска пумпа во Скопје / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Енергетската криза е неизбежна – работете од дома и возете побавно, повикува Меѓународната агенција за енергија

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) денеска предупреди дека светот неизбежно влегува во нова енергетска криза и ги повика владите, компаниите и граѓаните да преземат итни мерки за намалување на потрошувачката на нафта, пренесува „Еуроњуз“.

Причината за ваквиот аларм е сериозното нарушување на снабдувањето со нафта поради кризата на Блискиот Исток и блокадата во Ормускиот Теснец, една од најважните енергетски коридори во светот.

Меѓу препораките се: работење од дома онаму каде што е можно, намалување на брзината на автопатиштата за најмалку 10 километри на час, помало користење авионски превоз и поголема употреба на јавен транспорт. ИЕА пред неколку недели објави и дека нејзините членки ќе ослободат најмногу нафта од стратешките резерви досега, вкупно 400 милиони барели, но агенцијата сега порачува дека тоа нема да биде доволно без паралелно намалување на побарувачката.

Предупредувањето на ИЕА не се однесува само за пазарна нестабилност, туку за ситуација што бара промени во секојдневните навики. Енергетскиот притисок, нагласува меѓународната агенција, веќе не е само тема за берзите, туку за организацијата на секојдневниот живот.

Повеќе бензиски пумпи по 22 часот не точат гориво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот