Нафта / Фото: Архива на Слободен печат

ИЕА: 32 членки ќе ослободат најмногу нафта од стратешките резерви во историјата

Земјите членки на а Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) едногласно одлучија да започнат со најголемото ослободување на резерви на нафта за итни случаи во историјата на организацијата, објави извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол, пренесуваат медиумите. 

„Земјите на ИЕА ќе ослободат 400 милиони барели нафта на пазарот за да го надоместат изгубеното снабдување поради  затворањето на Ормутскиот теснец“, рече Бирол во обраќање во живо емитувано на веб-страницата на агенцијата.

Рекордни 400 милиони барели

ИЕА потврди дека рекордни 400 милиони барели сурова нафта од резервите за итни случаи ќе бидат пуштени на пазарот за да се ублажат прекините во снабдувањето предизвикани од војната. Агенцијата вели дека залихите ќе бидат пуштени на пазарот во временска рамка што одговара на околностите на секоја земја-членка.

Шеста координирана акција во историјата на ИЕА

Инаку како што пренесуваат медиумите ова е шестата координирана акција за ослободување на стратешки резерви откако ИЕА беше основана во 1974 година. Претходно вакви мерки беа преземени во 1991 година за време на првата Заливска војна, во 2005 година по ураганот Катрина во Соединетите Американски Држави, во 2011 година за време на војната во Либија и двапати во 2022 година по руската инвазија на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот