Енди Робертсон е новиот крал на асистенциите помеѓу дефанзивците во Премиер лигата

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Хари Кејн денес претходно стана најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата на „Боксинг деј“, но уште поголема историја во натпреварот на Ливерпул против Астон Вила испиша бекот Енди Робертсон.

Ливерпул брзо го отвори резултатот против Астон Вила, Мохамед Салах погоди после само пет минути игра. Асистент на голот на Салах беше Робертсон кој така испиша историја.

Имено, Робертсон во тој момент стана дефанзивецот со најмногу асистенции во историјата на Премиер лигата. Робертсон дојде до 54-тата асистенција и така го остави зад себе легендарниот Лејтон Бејнс кој има 53.

Секако дека ова е голем успх за Робертсон и тешко дека некој во блиска иднина ќе го надмине шкотскиот фудбалер, посебно ако се знае дека статусот на Робертсон во Ливерпул е сигурен и веројатно ќе остане барем уште неколку години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот