Ен Хатавеј: Го мразам своето име, ве молам викајте ме било како само не така!

Фото: EPA/WILL OLIVER

Актерката Ен Хатавеј во една емисија призна дека не поднесува кога луѓето ја нарекуваат по нејзиното уметничко име.

Како што наведе, таа сака луѓето да ја викаат било како, освен по нејзиното име под кое е позната во јавноста.

„Викајте ме Ени – ве молам, сите, сите, викајте ме Ени“, изјави таа на почетокот на интервјуто, а потоа објасни и поради што го избрала Ен како свое уметничко име.

Фото: Профимедиа

„Кога имав 14 години, работев на реклама и тогаш ме прашаа како сакам да ме викаат. Им кажав дека моето име е Ен Хатавеј. Тоа ми изгледаше како добар избор, но не помислив дека луѓето така ќе ме викаат цел живот“, истакна популарната холивудска актерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот