Емотивно сеќавање: Три години од гестот со кој Ромео ја импресионираше Калиопи
Калиопи со емотивна објава на социјалните мрежи одбележа три години од важен момент во нејзиниот живот.
Препорачано
Станува збор за песната „Знам“, која остави силен впечаток кај публиката и стана симбол на љубовта за многумина.
Во својата објава, Калиопи сподели дека токму оваа композиција најпрво ја допрела неа и нејзиниот близок пријател Жељко Самарџиќ, а потоа и пошироката публика.
„Три години од ‘Знам’, песната на Ромео Грил што прво нè импресионираше мене и мојот драг пријател Жељко Самарџиќ, а потоа и вас, драги мои… Нека живее љубовта!“, напиша таа за дуетот со Жељко.
Фановите во коментарите потсетија дека „Знам“ и денес буди силни чувства и спомени.
Песната, потпишана од авторот Ромео Грил, со текот на времето се позиционираше како една од највпечатливите љубовни балади во поновата регионална музичка продукција, а интерпретацијата на Калиопи и Самарџиќ ѝ даде дополнителна тежина и значење.
Жељко беше гостин на концертот на Калиопи, кој во октомври 2024 година се одржа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, и заедно ја испејаа токму оваа песна.
„Дуетот го доживувам како интимен чин, па затоа не можам да го делам со кој било. Исто како и во љубовта – не се дели перницата со секој! Жељко беше изборот и пред да се роди ‘Знам’. Ние двајцата посакавме песна од маестро Грил, а тој нашата желба ја преточи во реалност“, изјави Калиопи во интервју за „Слободен печат“.


