Емина Јаховиќ изгуби на суд: Нејзиниот поранешен сопруг докажа дека редовно плаќал алиментација

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал
Емина и Мустафа со децата / Фото: Инстаграм, Емина Јаховиќ/Мустафа Сандал

Судот во Истанбул го суспендирал случајот на српската пејачка Емина Јаховиќ, која минатата година поднесе тужба против поранешниот сопруг бидејќи тој не плаќал алиментација за децата, пишуваат турските медиуми.

Бидејќи поднел контратужба, Мустафа Сандал доставил и докази дека, откако се развеле во 2018 година, уплатил 1.8 милиони турски лири (околу 115 000 евра). Половина од износот бил уплатен на сметка на пејачката, која добила старателство над нивните синови, додека останатите средства биле за изнајмување вила во предградието Чубуклу, која инаку му припаѓа на Сандал.

Судот констатирал дека Мустафа го плаќал школувањето на децата и сите останати потреби и дека српската поп-ѕвезда одлично заработува, благодарение на својата козметичка компанија.

Емина Јаховиќ ќе го тужи Мустафа за 26 месеци неплатена алиментација: „Не им е платено здравствено осигурување на децата“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот