Емилијан Ѓорговски уште три години во дресот на Еурофарм Пелистер

Емилијан Ѓорговски останува верен на Еурофарм Пелистер/фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Еурофарм Пелистер го продолжува развојот и ја планира иднината со најдобрите млади македонски ракометари. Емилијан Ѓорговски е еден од оние кој влегува во сите комбинации на клубот во иднина и затоа уште најмалку три години ќе го носи „зелено-белиот“ дрес.

Младиот стружанец, кој пред точно две години дојде во Битола, се обврза на нов тригодишен договор и потпиша до крајот на 2025 година.

Левиот бек беше доведен како член на Еурофарм Пелистер 2, но со постојаниот напредок, од ова лето е под „палката“ на Ларс Валтер.

Веќе дебитираше во СЕХА лигата, а наскоро ќе заигра во ЕХФ Лига Европа.

Настапуваше за сите младински и за сениорската репрезентација на Македонија во периодот по пристигнувањето во Битола.

Супер засилување во Битола: Еурофарм Пелистер потпиша со дански бек!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот