Ема Стоун -Фото: Принтксрин/Јутјуб

Ема Стоун го откри единствениот услов за да ја избричи главата: „Беше драматично“

Американската актерка Ема Стоун прифатила радикална промена на изгледот за потребите на филмот „Bugonia“, но под еден посебен услов. Имено, актерката се согласила да ја избричи главата, но само ако истото го направи и режисерот на филмот, Јоргос Лантимос.

„Кога сфатив дека навистина ќе го направиме ова, му реков на Јоргос: Ќе мора и тебе да ти ја избричиме главата за да бидеме солидарни. А тој ми рече: ’Во ред‘“, изјави актерката во видео кое ексклузивно го објави магазинот „Пипл“.

Во видеото се гледа како 37-годишната Стоун како му ја бричи главата на Лантимос.

„Беше возбудливо, но не толку возбудливо како што мислев дека ќе биде. Беше супер. Сепак, чувствував дека моето бричење беше подраматично. Не сакам да звучам дека се фалам, но мојата коса беше навистина долга, а неговата – не“, откри Ема.

Шминкерот и фризер Торстен Вите вели дека екипата морала да ја бричи главата на Стоун на секои три дена за време на снимањето, за да ја одржат со иста должина поради континуитет.

Во филмот „Bugonia“, Стоун ја игра директорката на компанија, Мишел Фулер, која ја киднапираат двајца теоретичари на заговор (Џеси Племонс и Ајдан Делбис), убедени дека таа е вонземјанка која ја уништува Земјата. Пред да ја затворат во нивниот подрум, мажите ѝ ја бричат главата.

Инаку, Стоун претходно работеше со 52-годишниот Лантимос на филмовите „The Favourite“, „Poor Things“ и „Kinds of Kindness“.

Лантимос претходно изјави дека Стоун накратко се „исплашила“ од големата промена. Актерката подоцна потврди дека тоа било „непосредно пред“ да ја снимат сцената во еден кадар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот