Ел Шарави на местото на Ѕаниоло во италијанската репрезентација

фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети го повика Стефан Ел Шарави од Рома, откако Николо Ѕаниоло беше принуден да се повлече од тимот.

Напаѓачот на Астон Вила беше вмешан во брзорастечкиот скандал со обложување во Серија А во четвртокот и беше испрашуван од полицијата заедно со Сандро Тонали од Њукасл По објавувањето на вестите, двојката беше испратена дома од тренинг кампот, отстранувајќи ги од тимот.

Играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли беше првиот што беше вмешан во истрагата и тој ја призна вмешаноста кога вчера разговараше со обвинителите во Торино, доброволно предавајќи го својот мобилен телефон.

Скандалот со обложување во Серија А е во рана фаза и денешните извештаи сугерираат дека се вмешани уште најмалку 10 играчи.

Нов скандал во Јувентус, фудбалер се соочува со тригодишна забрана поради обложување?!

Како што беше објавено денеска, Ел Шарави сега е повикан да го замени Заниоло во тимот на Спалети за Италија. „Аѕурите“ се подготвуваат да се соочат со Малта во сабота навечер и со Англија на 17 октомври во двата натпревари од квалификациите за Евро 2024 година.

Талентот од Торино, Самуеле Ричи, исто така се приклучи на тимот на Спалети, кој беше повикан да го замени Тонали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот