Екстренерот на Вардар не е повеќе селектор на Русија

Спортскиот директор и до пред 20-тина дена и тренер на европскиот шампион Вардар, Едуард Кокшаров, си поднесе оставка од селекторската функција во руската ракометна репрезентација.

Причина за оставката е катастрофалниот настап на Русија на Европското првенство, „зборнаја“ претрпе три порази пд Унгарија, Исланд и Данска по што челниците на Федерацијата побараа одговорност од Кокшаров.

– Не можам да останам на кормилото на Русија, бидејќи не ја остварив примарната цел иако имав голема желба. Му посакувам големи победи на тимот во иднина и сигурен сум дека ќе дојдат. Благодарам на федерацијата за укажаната доверба и за тоа што ми ги дадоа сите услови за добра работа – изјави Кокшаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот