Експресно, замената за Мињоле доаѓа од Лондон! (ФОТО)

Новиот голман на „црвените” Адриан потпиша двогодишен договор, а во Ливерпул дојде од Лондон каде што шест години бранеше за Вест хем, а по истекувањето на договорот одлучи да замине.

Ливерпул му понуди на Адриан соработка по заминувањето на Симон Мињоле во Бриж, но јасно е дека 32-годишниот Шпанец ќе му биде резерва на Алисон.

Ја започна кариерата во редовите на Бетис, а 2013 година Вест хем го донесе во Премиер лигата како слободен играч.

Со лондонскиот клуб одигра вкупно 125 натпревари во најсилната англиска фудбалска лига.

Во најавата за новата сезона, Клоп и неговиот Ливерпул не го освоија трофејот во „Комјунити шилд“ откако загубија од Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот