Ливерпул го продаде Мињоле за девет милиони евра

EPA-EFE/PETER POWELL

Така, Мињоле стави крај на шестгодишната авантура во редовите на Ливерпул, а ова го потврди и Бриж на својот сајт.

Ливерпул го доби основното обесштетување од седум милиони евра, додека останатите два може да ги заработи низ бонуси.

Мињоле на „Енфилд“ дојде од Сандерленд за 10 милиони, забележа 204 настапи, а изминатите 18 месеци ги помина како резерва, поради конкуренцијата од Карјус, а потоа и од Бразилецот Алисон.

И лани беше пред разделба со „црвените“, но клубот во последен момент го стопираше неговиот трансфер во Наполи и одлучи да го продаде Лорис Карјус на Бешикташ.

Се очекува Мињоле веднаш да биде регистриран за Лигата на шампионите и да дебитира во квалификацискиот натпревар против Динамо Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот