Експрес кифли: Брзо и вкусно, нема да можете да им одолеете!

Состојки:

– 500 милилитри млако млеко
– 200 милилитри масло за јадење
– 1 јајце
– 40 грама квасец
– малку сол и шеќер
– 1 килограм брашно

За премачкување:

– 1 јајце
– сусам по потреба
– маргарин по потреба

Подготовка:

Во сад, растворете го квасецот во млакото млеко и додајте неколку лажици
брашно и прстофат шеќер. Овие состојки убаво измешајте ги, а потоа во истиот
сад додајте го и маслото, како и солта, јајцето и брашното.

Убаво измесете ги сите состојки.

Кога ќе добиете меко тесто, не мора да чекате да стаса за од него да
подготвите кифлички.


Веднаш почнете со подготовката.

Од тестото формирајте топчиња од кои подоцна ќе обликувате кифлички. Од
овој рецепт најчесто излегуваат околу 50 кифли.

Добиените кифли редете ги во тава за печење. Направете ги сите кифлички
наеднаш па така додека се пече едната тава, другите ќе имаат време да
стасаат.

На крај, намачкајте ги со јајце, наросете ги со сусам, ставете им малку
маргарин одозгора и вака подготвените кифли, печете ги во претходно
загреана рерна на температура од 180 степени околу 20 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот