Експлозија во Завод за рехабилитација во Србија – еден потешко повреден (ВИДЕО)

Работникот бил примен во состојба на длабока кома со тешки повреди на главата и мозокот и е во животна опасност. 44-годишниот работник е единствениот повреден во експлозијата.

Силна експлозија во Заводот за рехабилитација во Ивањица, Србија. Еден работник е потешко повреден, јавуваат тамошните медиуми.

Несреќата се случила откако претекла цистерна со мазут која се наоѓала непосредно до објектот.
-Еден работник се здобил со тешки телесни повреди и префрлен е болница во Ужице. Во моментот се врши увид, по што ќе се знае што точно се случило, изјавил директорот на Заводот, др Мирослав Поповиќ за агенцијата РИНА.

Работникот бил примен во состојба на длабока кома со тешки повреди на главата и мозокот и е во животна опасност. 44-годишниот работник е единствениот повреден во експлозијата.

Во гаснењето на пожарот кој избувнал по експлозијата учествувале четири пожарникари, а огнената стихија е санирана за кратко време. Ниту еден од 95-те пациенти кои во моментот биле сместени во Заводот за рехабилитација не се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот