ХЕЦ-Вруток / фото: Википедија

Експлозија во најголемата македонска хидроцентрала „Вруток“, производството на струја е прекинато

Експлозија се случила попладнево во хидроелектраната Вруток, по што таа е надвор од функција и не произведува струја, објави Фактор.

Станува збор за најголемата хидроелектрична централа во Македонија, со моќност од 150 мегавати. Таа е дел од Мавровскиот систем на АД Електрани на Северна Македонија, заедно со ХЕЦ Равен и ХЕЦ Врбен.

По проблемите со производството на струја во РЕК Битола, каде што се прават напори да проработат два блока и изминатиот период имаше пожар и пукање на цевка, сега проблеми се случуваат и во хидропотенцијалот.

Хидроелектраните според актуелната состојба на акумулациите, имаат потенцијал од само околу 10 отсто.

Од АД ЕСМ попладнево демантираа дека се случила експлозија во хидроелектраната, велејќи дека станува збор за 15-минутен прекин во работата на ХЕЦ „Вруток“ поради осигурувач на вод кон гостиварските села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот