Експертите прогнозираат: Ќе има големи изненадувања на Светското првенство во Катар

2022/фото: EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI

Многу кратките подготовки и неможноста за одигрување на подготвителните натпревари за Светското првенство во Катар кое ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември се предизвик за сите репрезентации, па експертите предвидуваат дека на овој Мундијал ќе има големи изненадувања.

Помеѓу последниот викенд, кога ќе се играат националните првенства на 12 и 13 ноември и на отворањето Катар – Еквадор во недела, на 20 ноември, репрезентациите ќе имаат само една недела за подготовка, наспроти три недели во еден месец пред секое големо натпреварување.

Додека во понеделникот започна последниот меѓународен „ФИФА прозорец“ за сите светски селекции, и тоа среде еден нетипичен и ултра пренатрупан распоред, фудбалскиот свет го чека првиот зимски Мундијал со многу големи непознати.

– Селекторите ќе мора да го трпат тоа и да се молат – резимира за „АФП, Николас Дион, кондициски тренер кој работеше за Ница, Рен и Сент Етјен, кој верува дека физичката форма на играчите ќе биде во рацете на секој клуб. „Тоа е многу проблематично во однос на физиологијата и перформансите. Тоа е како фрлање паричка“.

Селекторите се обидуваат да ги стават работите во перспектива тврдејќи дека повеќето од нив го имаат истиот проблем, како Дидие Дешамп, селекторот на француската репрезентација:

„Фактот што немаме можност да играме подготвителен меч пред натпреварувањето, тоа е жално, но тоа ќе биде случај за речиси сите – рече Дешамп минатата недела. „За сите е исто, затоа е фер“ – кратко изјави селекторот на Шпанија, Луис Енрике.

Актуелниот светски шампион Франција, кој стартува на 22 ноември против Австралија, нема намера да одигра пријателски натпревар, додека Германија, која ќе го започне Мундијалот на 23 ноември, планира мини подготвителен камп во Оман од 14 до 18 ноември, со контролен меч против тамошната селекција на 16 ноември.

Аргентина на Лионел Меси смета на „генералка“ против Обединетите Арапски Емирати на 16 ноември, додека Португалија на Кристијано Роналдо ја очекува мечот со Нигерија на 17 ноември.

– Подготовките за Светското првенство се сосема различни од претходните изданија. Имаме помалку време и малите репрезентации можат да го искористат тоа – вели Оливер Бирхоф, селектор на германската репрезентација.

Другите селекции, како домаќинот Катар, ќе имаат повеќе од доволно време за подготовка, речиси месец и половина.

„Мое мислење е дека ќе видиме големи изненадувања на Мундијалот. И тоа од тим кој не очекуваме да биде во добра форма – анализира Николас Дион, поранешен кондиционен тренер на репрезентацијата на Катар.

„Одиме во земја со многу неизвесност во однос на влажноста. Како ќе се прилагодат играчите? Малите тимови можат да го искористат тоа“.

Тите, селекторот на Бразил, забележува дека ќе биде принуден да избира само играчи во врвна форма, без разлика на нивниот статус, а Дешамп не кажува повеќе кога предупредува дека Пол Погба, кој се опоравува, нема да оди во СП освен доколку не е целосно подготвен.

– Нашиот прв натпревар е само 10 дена по доаѓањето на играчите на собирот. Значи или си во добра форма или не си на списокот – изјави Тите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот