Експертите предупредуваат: Кивнете ако ви се кива, инаку можете да си направите дупка во грлото

кивање
Фото: Pixabay

Секое воздржување од кивање може да предизвика сериозна повреда на грлото, се наведува во медицинските наоди на болницата „Најнсвил“ во шкотскиот град Данди, кои се објавени во научното списание BMJ, пишува „Гардијан“.

Кога ќе почувствувате дека ви се кива, најдобро е да го искивате. Во спротивно, би можеле да завршите со кинење дупка во грлото.

Лекарите ги советуваат луѓето да не се воздржуваат од кивање, затоа што 30-годишен маж, обидувајќи се да се воздржи од кивање, од силниот напор си го пробил сопствениот душник (трахеја) – цилиндричен орган од ‘рскавица кој овозможува транспорт на вдишениот воздух од гркланот (ларинксот) до бронхиите.

Се нагласува дека ваквите оштетувања, предизвикани од спречувањето на кивањето, можат да бидат опасни по живот. бидејќи може да доведат до задушување, а во ретки случаи и до пукање на мозочните капилари и крвавење.

Се наведува дека ваквите повреди не се вообичаени, но дека може да настанат, особено кога кивавицата се задржува во неколку последователни наврати.

Лекарите од болницата „Најнсвил“ советуваат слободно и без ограничување да кивате, бидејќи тоа е природен начин на телото да ги исфрли надразнувачите од носните (назалните) канали.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот