Експертите ги открија најдобрите и најлошите пијалаци за вашиот пенис

Понекогаш, еректилната дисфункција може да ги попречи вашите сексуални планови. Меѓутоа, што ако ви кажеме дека постојат пијалаци за вашиот пенис кои можат и да помогнат (но и да наштетат) на вашата ерекција?
Еректилната дисфункција е комплексен проблем со кој многу луѓе ќе се сретнат во текот на животот. Меѓутоа, ако го доживувате почесто, може да постои подлабока причина, како што се висок крвен притисок, срцеви компликации, депресија, интензивен стрес, ниско ниво на тестостерон, лекови, алкохолизам или депресија. Важно е да се идентификува проблемот што е можно поскоро. Но, во меѓувреме, експертите велат дека постојат одредени промени во исхраната што можете да ги направите, а кои ќе ви помогнат во сексуалниот живот.
– Исхраната, вклучувајќи го не само она што го јадеме, туку и она што го пиеме, игра важна улога во сексуалното здравје – вели д-р Ејми Перлман, ко-основач на Прајм институтот и уролог од Јужна Флорида, специјализирана за сексуално и хормонално здравје на мажите, за „Јадете го ова, не тоа!“ (Eat This, Not That!).
– Пенисот е во ерекција кога возбудувањето доведува до ослободување на азотен оксид, кој потоа предизвикува зголемување на крвните садови во пенисот. Повеќе крв тече во пенисот, што резултира со ширење на ткивата и ерекција. Воспалението, кое може да биде последица од консумирање одредени намирници и пијалаци, може да го забрза уништувањето на азотен оксид и може да придонесе за проблеми со постигнување и одржување на ерекција – објаснила д-р Перлман.
Кога станува збор за најдобрите пијалаци за пенисот, ова се оние кои можат да помогнат да се зголеми протокот на крв, да се спречи оштетување на клетките кои ослободуваат азотен оксид и да помогнат во одржување на целокупното здравје и виталност. Спротивно на тоа, најлошите пијалаци се оние кои го намалуваат нивото на азотен оксид.
Најдобри пијалaци за пенисот
Вода
Секако, за да го подобрите вашето сексуално здравје, како и здравјето на целото тело, прво треба да се погрижите да пиете доволно вода секој ден.
– Водата е клучна за целокупното здравје, вклучувајќи ја и сексуалната функција, а хидратацијата промовира правилен проток на крв, што е клучно за постигнување и одржување на ерекција – вели Перлман.
Сок од лубеница
Како што вели д-р Перлман, одржувањето на ерекцијата бара правилен проток на крв во пенисот. Во тоа може да ви помогне лубеницата, таа содржи аминокиселина која може да ви помогне да останете цврсти кога ќе се појави сексуална возбуда.
„Со цедењето сок од лубеница се добива течност полна со цитрулин, аминокиселина која може да го подобри протокот на крв во многу делови од телото, вклучувајќи го и пенисот, што може да им помогне на луѓето да постигнат ерекција во одредени случаи“, вели Лорен Манакер, регистрирана диететичарка и авторка на книгата „Fueling Male Fertility“.
Една мала студија објавена во списанието „Урологија“ покажа дека суплемент на цитрулин им помогнала на 12-24 учесници со блага еректилна дисфункција да се вратат на нормалната еректилна функција во период од 1 месец.
Меѓу пијалаците кои се добри за вашиот полов орган, спаѓаат и кафето, сокот од домати, смути со антиоксиданти и витамини, особено со Ц и Е, сокот од цвекло.
Најлоши пијалаци за пенисот се енергетските пијалаци, газираните сокови и алкохолните пијалаци.