Екс претседател на Германската федерација е одговорен за смрт на стотина луѓе

Фото: Твитер

Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) соопшти дека поранешниот претседател Феликс Линеман директно учествувал во праќањето на неколку стотици луѓе во логорот на смртта, Аусшвиц.

ДФБ денеска наведе дека Линеман кој бил претседател на Федерацијата од 1925 до 1945 година, бил директно вклучен во регистрацијата на Ромите како шеф на контролниот центар на криминалистичката полиција во Хановер.

Неколку стотици луѓе биде депортирани во концентрациониот логор Аушвиц каде и биле убиени, на основ на упатствата кои ги потпишал Линеман, стои во соопштението на ДФБ.

Во понеделник ќе се одбележат 75 години од одлободувањето на Аушвиц, а ДФБ го промовира и го поддршжува Денот на сеќавање на холокаустот.

– Оваа година бидејќи се одбележува страдањето на повеќе од 20.000 Роми убиени во Аушвиц, покрај бројните жртви Евреи, чувствуваме посебна одговорност. Тој невиден хорор и болка која им е нанесена на луѓето и повеќе болна за нас бидејќи фудбалот не се спротивстави на тоа. Затоа наша посебна должност претставува да се осигураме тие злосторства да не се заборават.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот