Екс членот на Вардар, Шеваљевиќ: Одиме на победа против Македонија

Црногорскиот ракометен репрезентативец Васко Шеваљевиќ/Фото: EPA/Liselotte Sabroe

Во нашата група „А“ на Европското првенство во Унгарија и Словачка, во рамките од првото коло Данска убедливо со 30:21 славеше над Црна Гора.

Во истата група најдобрата македонска репрезентација загуби во балканското дерби од селекцијата на Словенија.

Второто коло е закажано за в сабота (15 јануари), од 18.00 часот во унгарскиот град Дебрецин силите ќе ги одмерат Црна Гора и Македонија.

Поранешниот член на Вардар 1961, Васко Шеваљевиќ после поразот од Данците изјави дека е горд на своите репрезентативни колеги.

– Горд сум на овие момци, на тоа како се бореа против велесила каква што е Данска. Ги оправдаа очекувата и драго ми е што сите добија шанса. Само вака треба да продолжат. Што се однесува до следниот дуел со Македонците, го гледавме нивниот меч против Словенија.

И со двете репрезентации можеме да играме. Добро се држеа, но ние имаме што да бараме против нив и одиме на победа. Но, никогаш не се знае што ќе биде, што ќе донесе новото тестирање на коронавирус – рече Шеваљевиќ за црногорските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот