Економската криза не го заобиколи Ватикан: Кардиналите ќе плаќаат кирија

Фото: МИА

Католичките кардинали повеќе нема да уживаат бесплатно сместување во имотите во Ватикан ширум светот, најави папата Франциско. Поглаварот на Католичката црква оваа недела рече дека сегашната економска клима бара жртви и најави дека ќе бидат укинати и попустите за кирии за високи функционери на Ватикан.

Новата одлука е обид „да се справиме со растечките обврски“ на Католичката црква „во особено тежок економски контекст“, се вели во соопштението на папата објавено на официјалниот канал за вести на Ватикан, пренесува Кликс.ба. Постоечките договори за закуп ќе бидат почитувани, но кога ќе истечат, црковните институции кои ги поседуваат имотите ќе мора да ги третираат станарите како и секое друго лице кое не е поврзано со Ватикан и да им наплати целосна кирија по пазарни цени.

Откако беше именуван за папа во 2013 година, Франциско се обиде да го реорганизира финансиското управување на Светата столица и да ја подобри транспарентноста во Ватикан. Во 2021 година, тој ги намали платите на кардиналите и високите функционери за да се справи со штетата предизвикана на црковните сметки од епидемијата на корона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот