Економистите годинава очекуваат пад на БДП во еврозоната од 5,5 отсто

Нормализирање на состојбата би можело да се очекува во третиот квартал и тоа ќе се одвива во фази сметаат експертите.

Падот на економијата во еврозоната ќе биде помал од што се очекуваше, но опоравувањето би можело да биде побавно, покажуваат извештаите на Европската централна банка.

За годинава се очекува пад на БДП од околу 5,5 отсто, а потоа следи пораст од 4,3 проценти во 2021 година, паралелно со попуштањето на мерките, се вели во кварталната анкета која ЕЦБ ја спровела меѓу економистите.

Поголем дел од учесниците во анкетата сметаат дека нормализирање на состојбата би можело да се очекува во третиот квартал и дека тоа ќе се одвива во фази.

Според оваа анкета, инфлацијата во еврозоната оваа година во просек би требало да се движи околу 0,4 отсто.

Благ пад на проекцијата на инфлацијата е нотиран и за наредната година од 1,2 отсто во споредба со претходните проценки кога се пресметуваше дека таа ќе достигне до 1,4 отсто.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот