Економијата ќе се намалува со многу брзо темпо во наредниот период

„Ќе бидат потребни две до три години за економската активност во Јапонија да се врати на нормално ниво, бидејќи прекуокеанските пазари веројатно ќе продолжат да бидат засегнати од пандемијата на коронавирусот“, вели Атсуши Такеда, главен економист во Институтот за истражување во Иточу.

Јапонската економија ќе се намали со најбрзо темпо во периодот од март 2020 до март 2021 година, принудувајќи ја владата да состави уште еден стимулативен пакет за да го ублажи влијанието на пандемијата на коронавирусот, се вели во извештајот на „Ројтерс“ објавен во петокот.

Следниот чекор во политиката на Банката на Јапонија (БОЈ) се предвидува да биде зголемување на стимулациите, но пандемијата оваа година не се смета дека предизвикува криза во банкарскиот сектор.

Исто така, се предвидува дека третата по големина светска економија ќе се намали за 5,3 отсто оваа година, што претставува најголем пад откако компаративните податоци станаа достапни во 1994 година, но ќе се опорави за  3,3 отсто во наредните години, се вели во извештајот.

Економијата ќе порасне за 10,0 отсто во тековниот квартал од 2020 година по падот од 23,9 отсто во второто тромесечие, се вели во новото истражување направено во јуни.

„Ќе бидат потребни две до три години за економската активност во Јапонија да се врати на нормално ниво, бидејќи прекуокеанските пазари веројатно ќе продолжат да бидат засегнати од пандемијата на коронавирусот“, рече Атсуши Такеда, главен економист во Институтот за истражување во Иточу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот