Еко-акција во Велес за собирање ПЕТ амбалажа

Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес, во соработка со Институтот за комуникациски студии, а во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, во среда (26 јуни), со почеток во 10 часот, ќе одржат еко-акции за собирање на ПЕТ амбалажа на неколку локации во централното градско подрачје на Велес.

Активисти на „Вила Зора“ ќе ги чистат деловите на градот кадешто има поставено контејнери наменети за ПЕТ амбалажа и ќе делат платнени торби за собирање пластични шишиња на граѓаните.

Настанот има еколошка и едукативна цел. Рециклираната ПЕТ пластика се користи како суровина за правење шишиња и садови за пакување, а може да се конвертира во влакна, ткаенини, хартија за пакување, дури и за производство на автомоблиски делови.

Со рециклирањето се намалуваат количините на пластика на депониите и загадувањето на почвата, подземните води и загадувањето на воздухот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот