ЕК за членките на ЕУ договори уште четири милиони дози од вакцината на Фајзер до крајот на март

Лабораторија / Фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra

Европската комисија постигна договор со „Фајзер”/„БиоНТек” во следните две недели земјите членки да се снабдат со уште четири милиони дози вакцини против ковид-19. Целта е брзо справување со жариштата на коронавирусот и олеснување на слободното движење преку границите.

-Потребна е брза и одлучна акција за справување со агресивните варијанти на вирусот и за подобрување на состојбата во жариштата. Задоволна сум што денеска објавуваме договор со „Фајзер”/„БиoНТек”, што на земјите членки до пред крајот на март ќе им понуди вкупно четири милиони дози од вакцината, што ќе бидат испорачани покрај договорените испораки. Тоа на земјите членки ќе им помогне да продолжат да го контролираат ширењето на новите мутации. Преку нивната целна употреба, таму каде се најпотребни, особено во пограничните региони, овие дози, исто така, ќе помогнат да се гарантира или обновува слободното движење на стоки и луѓе. Тие се клучни за функционирањето на здравствените системи и единствениот пазар, изјави денеска претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Европската комисија внимателно ја следи еволуцијата на епидемиолошката состојба во земјите-членки. И покрај сегашното намалување на смртноста во ЕУ поради вакцинирање на старите и најранливи категории граѓани, Комисијата е загрижена за развојот на серија голем број жаришта на Ковид-19 низ цела ЕУ.

Ова особено се должи на ширењето на новите позаразни варијанти на вирусот. Вакцината на „Фајзер”/„БиоНТек” се покажа како многу ефикасна против сите моментално познати варијанти на коронавирусот.

Во регионите, како Тирол во Австрија, Ница и Мозел во Франција, Болѕано во Италија и делови од Баварија и Саксонија во Германија, но и во многу други земји-членки, бројот на инфекции и хоспитализации во последните недели нагло се зголеми, што ги поттикна земјите-членки да донесе строги мерки, па дури и во некои случаи да наметнат нови погранични проверки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот