ЕК очекува позитивна одлука за проширувањето на Шенген-зоната
Бугарија, Романија и Хрватска беа подложени на темелна проверка, која покажа дека ги исполнуваат сите услови за влез во Шенген. Ова денеска го изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на прес-конференција како одговор на новинарско прашање.
Препорачано
Дополнителните проверки што ги побараа некои земји покажаа дека Бугарија и Романија дополнително ја зголемија заштитата на надворешните граници, додаде таа. Воопшто немаме такви информации, изјави Јохансон во врска со тврдењата на холандскиот премиер Марк Руте дека бугарската граница може да се премине „за поткуп од 50 евра”.
За претстојниот состанок в четврток, Советот на ЕУ ги има сите извештаи кои покажуваат дека Бугарија, Романија и Хрватска целосно ги исполнуваат сите барања, посочи Јохансон. Таа изрази очекување дека гласањето на европските министри на 8 декември ќе доведе до позитивен резултат за трите земји.
Оние кои се сомневаат во оценката на Комисијата треба да знаат дека проширувањето на Шенген ќе доведе до повеќе и подобри гранични контроли, рече потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас. Не е вистина и нечесно е да се тврди дека проширувањето на Шенген ќе доведе до помали контроли, додаде тој.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
10мин
-
11мин
-
19мин
-
40мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


