Струја, далноводи / фото: EPA-EFE / MARTIN DIVISEK

ЕК ќе разговара за барањата на Бугарија, Грција и Романија за функционален енергетски пазар

Европската комисија се согласи во рамките на Советот на министри на 15 октомври да разговара за заедничката барање на Романија, Бугарија и Грција за функционален енергетски пазар, изјави романскиот министер за енергетика Себастијан Бурдуја на брифинг по владиниот состанок, објавија Агерпрес и БТА.

„Беше прифатено барањето на Романија до ЕК, кое е заедничко барање со Бугарија и Грција, да се разговара на Советот на министри во Луксембург на 15 октомври“, истакна Бурдуја. Тој презентираше графикони, според кои на 11 јули Романија платила 190 евра за мегават час, Франција – 78 евра, Шпанија – 86 евра, Чешка – 100 евра, Австрија – 75 евра и Унгарија – 264 евра. На 2 септември во регионот беа регистрирани највисоки цени во Енергетската унија, односно 234 евра за MВч во Романија и многу слични цени во Бугарија, Грција и Унгарија, додека цената во Франција беше 104 евра, на Пиринејскиот Полуостров – 116 евра, во Германија – 115 евра, истакна министерот.

Бурдуја објасни дека тоа се должи на фактот што земјите како Австрија и Словачка не ги исполниле своите обврски да се реализираат меѓусебните врски со соседните земји, а со тоа и евтината енергија произведена во Западна Европа, не може да стигне до земјите од Источна Европа. Министерот потсети дека врз основа на студија што операторите на електропреносните системи во Романија, Грција и Бугарија ја направија со сложени анализи, ќе побара одредени мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот