Фото: илустрација / Unsplash

Рестораните сè поскапи — угостителските услуги поскапеле за нови 2,6 проценти

Цените на угостителските услуги во мај годинава бележат раст од 2,6 отсто во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

На месечно ниво, односно во однос на април 2026 година, цените се зголемени за 0,1 отсто. Статистичките податоци покажуваат дека трендот на поскапување продолжува и во текот на целата година. Во периодот јануари – мај 2026 година, цените на угостителските услуги се повисоки за 2,9 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Во однос на декември 2025 година, пак, зголемувањето изнесува 0,7 отсто, што укажува на постепен, но континуиран раст на цените во угостителскиот сектор.

ВИДЕОАНКЕТА: Колку пати месечно може да си дозволите ручек во кафеана?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот