Фото: Pexels

Со хотелот „Русија“ на Самсоненко ќе управува „Македонијатурист“

Хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“ го презема управувањето со хотелот „Русија“, лоциран во близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром, пишува Фактор.

Според информациите на медиумот, акционерското друштво регистрирало подружница на адресата на хотелот, кој беше изграден во 2014 година од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

Хотелот во последните месеци не примал гости, а засега нема официјални информации кога повторно ќе биде ставен во функција. Од „Македонијатурист“ не одговориле на прашањата на Фактор дали се планира негово реотворање и дали ќе има нови инвестициски вложувања во објектот.

Во последните две години во „Македонијатурист“ влегоа нови инвеститори, по што беше целосно променета акционерската структура. Компанијата управува со хотелите „Холидеј Ин“, „Белви“, „Карпош“ и „Турист“, како и со неактивните „Бристол“, „Јадран“ и „Водно“.

Хотел „Русија“ е подружница во сопственост на „Спортски центар Јане Сандански ДООЕЛ“, чиј сопственик е Мариа Самсоненко.

Парадокс: имаме европски пари за рурален туризам, но каде да се гради без урбанистички планови?

Според последните достапни финансиски податоци, хотелот минатата година ја завршил со 45 вработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот