ЕК ќе издвои 300 милиони евра за имунизација на најранливите земји

Средствата што ги издвојува Европската Комисија треба да помогнат да се вакцинираат 300 милиони деца во светот, но и да се зајакнат здравствените системи во земјите во развој.

Претседателката Урсула фон дер Лајен ќе учествува на глобалниот самит за вакцини кој почнува денеска во својство на претставник на ЕК, и најави дека Комисијата ќе издвои 300 милиони евра за имунизација во најранливите земји во светот.

Самитот е во организација на Алијансата за вакцини (ГАВИ) непрофитно јавно-приватно партнерство со седиште во Женева.

– Вакцините спасуваат животи само ако сите на кои им е потребна имаат пристап до нив, посебно во најранливите заедници и региони во светот. Затоа, работата на Алијансата за вакцини е толку важна. На земјите во развој им дава средства за изградат силни здравствени системи и програми за имунизација, за светот да биде побезбедно место. Среќна сум што Европската Комисија може да ја поддржи ГАВИ во оваа клучна работа, тоа ќе ни помогне да ја надминеме оваа пандемија и да избегнеме друга, изјави фон дер Лајен пред стартот на Самитот.

Средствата што ги издвојува Европската Комисија треба да помогнат да се вакцинираат 300 милиони деца во светот, но и да се зајакнат здравствените системи во земјите во развој. Парите се наменети и за борбата против полиомиелитис (детска парализа).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот