ЕХФ: Металург и Еурофарм Пелистер во петок ќе ги дознаат ривалите!

Фото: facebook.com/rkmetalurgofficial

Беше најавено дека денеска македонските претставници ќе ги дознаат противниците во групната фаза на Лига Европа, но најновите информации велат дека тоа ќе се случи во петок (2 октомври).

Причина за одложувањето е позитивниот тест на ковид-19 кај еден член од техничкиот персонал на ЕХФ задолжен за спроведување на разните протоколи.

Бидејќи тоа повлече и изолација на сите кои беа во контакт со заболениот, а за кратко време беше невозможно да се најдат нови лица, Европската ракометна федерација одлучи дека утре со почеток од 11.00 часот ќе се одржи извлекувањето на групите.

Шеширите за утрешната ждрепка (петок, 2 октомври 2020 год.)

Шешир 1: Адемар Леон (Шпанија), Ним (Франција), Магдебург (Германија) и Татабања (Унгарија)

Шешир 2: Висла Плоцк (Полска), Динамо Букурешт (Романија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија) и Алингсас (Шведска)

Шешир 3: Еурофарм Пелистер (Македонија), Чеховски Медведи (Русија), Татран Прешов (Словачка) и Бешикташ (Турција)

Шешир 4: Феникс Тулуз (Франција), Монпеље (Франција), Фуксе Берлин (Германија) и Рајн-Некар Левен (Германија)

Шешир 5: Аон Фиверс (Австрија), Нексе (Хрватска), ГОГ (Данска) и Спортинг Лисабон (Португалија)

Шешир 6: Металург (Македонија), Тримо Требиње (Словенија), Кристијанштад (Шведска) и ЦСКА (Русија)

Натпреварите во групната фаза ќе почнат на 20 октомври 2020 година, а најдобрите четири екипи од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето. Ждребот во живо можете да го гледате на официјалниот Јутјуб канал на ЕХФ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот