ЕХФ ќе истражува дали во финалето меѓу Охрид и Татабања имало расизам
Триумфот на ракометарите на Охрид во ЕХФ Европскиот куп доби неочекуван епилог, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) најави истрага за случувањата на реванш-финалето против Татабања во салата „Билјанини извори“.
Препорачано
Охриѓани со убедлива игра го совладаа унгарскиот состав и стигнаа до европскиот трофеј, но сега е отворена истрага обвинувања за расистички навреди упатени од трибините. Ракометарот на Татабања, Баптист Даматрин, посочи дека бил мета на расистичко однесување од дел од публиката, по што ЕХФ реагираше со отворање официјална истрага.
Од Европската ракометна федерација соопштија дека се запознаени со инцидентот и нагласија дека расизмот нема место во европскиот ракомет.
„ЕХФ е свесна за инцидентот за време на финалето меѓу Охрид и Татабања, во кој имало расистички навреди кон Баптист Даматрин. Таквото однесување кон играчи, судии и навивачи нема да биде толерирано“, наведуваат од федерацијата.
Воедно, од ЕХФ информираа дека ќе се спроведе истрага за да се утврди дали има основа за покренување официјална дисциплинска или правна постапка.
ВИДЕО | Играч на Татабања обвинува дека бил расистички навредуван во Охрид
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
59мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


