Охрид-Татабања Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Играч на Татабања обвинува дека бил расистички навредуван во Охрид

Екипата на Охрид во неделата ја совлада Татабања и го крена трофејот во Европскиот куп. Салата „Билјанини извори“ беше претесна да ги прими сите љубители на ракометната игра кои сакаа да бидат дел од испишувањето на историјата покрај езерото.

Два дена по натпреварот од унгарска Татабања се обидуваат да фрлат дамка на атмосферата и организацијата, обвинувајќи за расизам од охридската публика кон нивниот ракометар Баптист Дамартин.

Француското лево крило вели дека му бил упатуван среден прст а слушал и мајмунски извици.

„Најпрвин ми беше покажуван среден прст при секој напад, но не обрнував внимание бидејќи сум гледал такви ситуации и во минатото. Тогаш, понав да слушам мајмунски извици од луѓе кои со прстот покажуваа кон мене. Збеснав во истиот момент, реагирав, по што почнаа да ме плукаат од трибините, мене и моите соиграчи кои беа во шок. Најмногу ме разочара делегатот, кој како да не сакаше да знае што се случува. Само ми викаше да седнам и да бидам мирен, не ме ни праша зошто сум толку вознемирен“, изјави Баптист Дамартин.

Нема информација дали Татабања го пријавила случајот во ЕХФ.

Историско славје за Охрид, трофејот од ЕХФ купот остана во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот